УКРАИНСКИТЕ СИЛИ НАПАЃААТ ВАЖЕН ГРАД ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ, ПОТВРДИЈА ПРОРУСКИТЕ ВЛАСТИ

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ НАПАЃААТ ВАЖЕН ГРАД ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ, ПОТВРДИЈА ПРОРУСКИТЕ ВЛАСТИКиев дава малку информации за противофанзивата во јужниот регион Херсон (Фото: Гети)

    Украинските сили го напаѓаат окупираниот источен град Балаклија во регионот Харкив, потврдија локалните проруски власти, додека украинската страна останува резервирана околу тоа како напредува противофанзивата.

    Гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај, изјави дека противофанзивата е во тек и дека украинските сили остваруваат успеси, но не изнесе детали.

    Проруските власти во Доњецк излегоа со невообичаено искрен приказ на борбите во Балаклија, град со 27.000 жители меѓу Харкив и Изјум, кој важи за важен железнички центар за снабдување на руските трупи.

    „Украинските вооружени сили денеска почнаа напад на Балаклија. Ако градот падне, руските сили во Изјум ќе станат ранливи на нивното северозападно крило. Украинските сили го концентрираат огнот на мобилните групи на Народната Република Доњецк, кои се повлекоа на дефанзивните позиции во околните шуми. Во овој момент, Балаклија е во окружување и во дострел на украинската артирелија. Сите приоди кон градот се прекинати“, изјави локалниот проруски функционер Данил Безсонов.

    Киев даде малку информации за противофанзивата во јужниот регион Херсон. Русија кажа дека ги одбила украинските напади, додека Украина вели дека има напредок.

    „Се водат позициски битки и некои области се веќе ослободени“, изјави Наталија Хумењук, портпаролката на јужната команда на украинската војска.

    Западни воени експерти сметаат дека целта на Украинците на југот е да изолираат илјадници руски војници на западниот брег на Днепар и да им ги уништат линиите на снабдување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира