УМЕТНИЧКИ ЛИЗГАЧИ БИЛЕ ВО АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА ВО ВАШИНГТОН, МЕЃУ НИВ И БИВШИ СВЕТСКИ ПРВАЦИ ОД РУСИЈА

    УМЕТНИЧКИ ЛИЗГАЧИ БИЛЕ ВО АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА ВО ВАШИНГТОН, МЕЃУ НИВ И БИВШИ СВЕТСКИ ПРВАЦИ ОД РУСИЈАРуските медиуми објавија дека во несреќата загинале и Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони од 1994 (Фото: Гети)

    Американската федерација за уметничко лизгање (УСФС) објави дека неколкумина лизгачи биле во авионот на „Американ ерлајнс“ што падна во реката Потомак во Вашингтон откако се судри со воен хеликоптер при слетувањето на аеродромот „Роналд Реган“. Во авионот имало 64 луѓе и властите кажаа дека досега од реката се извадени 19 тела. Нема назнаки дека некој ја преживеал несреќата.

    УСФС објави дека спортисти, тренери и членови на семејствата се враќале од национален развоен камп во Канзас, одржан во врска со државното првенство на САД.

    „Уништени сме од оваа незамислива трагедија. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, кажаа од УФСФ.

    Извор за агенцијата „Ројтерс“ кажа дека околу 15 луѓе во авионот биле поврзани со уметничкото лизгање.

    Руските државни медиуми објавија дека во несреќата загинале и Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, поранешни светски шампиони, а сега тренери. Се верува дека во авионот бил и нивниот син Максим, исто така лизгач.

    Шишкова и Наумов, кои биле во брак, освоија златен медал во двојки на Светското првенство во 1994 и живееја во САД, каде што работеле со млади лизгачи.

    Агенцијата ТАСС објави дека во авионот била и Ина Вољанскаја, уште една бивша лизгачка која се натпреварувала за Советски Сојуз.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира