УНГАРИЈА Е ЕДИНСТВЕНОТО МЕСТО ВО ЕВРОПА КАДЕ МОЖАТ ДА СЕ СРЕТНАТ ТРАМП И ПУТИН, САМО НИЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА МИР, КАЖА ОРБАН

    УНГАРИЈА Е ЕДИНСТВЕНОТО МЕСТО ВО ЕВРОПА КАДЕ МОЖАТ ДА СЕ СРЕТНАТ ТРАМП И ПУТИН, САМО НИЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА МИР, КАЖА ОРБАНОрбан има блиски односи и со Трамп и со Путин (Фото: АП)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прослави одлуката новата средба на Доналд Трамп и Владимир Путин да се одржи во Будимпешта, каде што ќе разговараат за завршување на војната во Украина. Трамп и Путин вчера разговараа телефонски, при што договориле да се сретнат во Унгарија, што треба да се случи во следните две недели.

    Орбан, кој има блиски односи и со Трамп и со Путин, кажа дека неговото спротивставување на западната воена и финансиска поддршка за Украина имала клучна улога во изборот на Будимпешта за местото на средбата.

    „Будимпешта е единственото место во Европа каде што може да се одржи ваква средба, првенствено зашто Унгарија е речиси единствената држава ориентирана кон мир. Во изминатите три години ние бевме единствената држава која постојано, отворено, гласно и активно се залагаше за мир“, кажа Орбан денеска на државно радио.

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Унгарија одбиваше да го помага Киев со оружје и не дозволи негов трансфер преку своја територија. Орбан исто така се закануваше дека ќе стави вето на некои европски санкции за Русија и блокираше клучни пакети на помош за Украина.

    Во исто време, Унгарија продолжи да увезува руски енергенси и дури ги зголеми количините, за разлика од останатите членки на ЕУ.

    Средбата во Будимпешта следува откако Трамп не успеа да договори прекин на огнот во Украина, дури и откако се сретна со Путин на Алјаска во август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира