УНГАРИЈА И ПОЛСКА НЕ ГО ТРГААТ ВЕТОТО ОД ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ, ВЕЛАТ ДЕКА УСЛОВУВАЊЕТО НА ФОНДОВИТЕ СО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО МОЖЕ ДА БИДЕ КАТАСТРОФАЛНО ЗА ЕУ

    УНГАРИЈА И ПОЛСКА НЕ ГО ТРГААТ ВЕТОТО ОД ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ, ВЕЛАТ ДЕКА УСЛОВУВАЊЕТО НА ФОНДОВИТЕ СО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО МОЖЕ ДА БИДЕ КАТАСТРОФАЛНО ЗА ЕУУнгарскиот и полскиот премиер Виктор Орбан и Матеуш Моравјецки се сретнаа во Будимпешта за да дискутираат за своите планови (Фото: Ројтерс)

    Лидерите на Полска и Унгарија порачаа дека остануваат на своето вето на новиот седумгодишен буџет на Европската Унија, кој содржи и огромен фонд за заздравување од коронавирусот.

    Тие не дадоа поддршка за буџетот од 1.800 милијарди евра, спротивставувајќи се на механизмот кој одобрувањето на фондовите го поврзува со владеењето на правото. Со овој механизам, Брисел го услови добивањето европски пари со почитувањето на демократските норми, за што Полска и Унгарија постојано се критикуваат.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот полски колега Матеуш Моравјецки се сретнаа во Будимпешта за да дискутираат за своите планови. Тие се согласија дека условувањето на фондовите не е запишано во основачкиот договор на Унијата и дека такви мерки во иднина би можеле да бидат искористени против други земји.

    „Поврзувањето на фондовите со владеењето на правото би можело да биде катастрофално за Унијата. Секој што го измислил тоа е неодговорен, зашто кризата бара брзи економски решенија“, изјави Орбан.

    Преговорите за буџетот ќе продолжат следниот месец.

    „Со нивната изјава, Полска и Унгарија се движат кон уште поголема изолација“, изјави висок дипломат од ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира