Европската Унија постигна едногласна согласност за отпочнување пристапни преговори со Украина и Молдавија, објави Белгија, која е актуелниот претседавач. Брисел кажа дека одлуката и официјално треба да биде потврдена на состанокот на министрите за економија и финансии следниот петок.
Ова значи дека Унгарија засега се откажа од блокирањето на Украина, откако претходно изразуваше сомнежи во проценките на Европската комисија дека таа е подготвена да ги почне преговорите. Минатата недела, Европската комисија кажа дека Украина и Молдавија ги исполнуваат критериумите да ги почнат пристапните преговори.
Белгија и ЕК сакаа да го постигнат овој договор пред Унгарија да го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ на 1 јули.
Украина аплицираше за членство во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 и четири месеци подоцана доби кандидатски статус.