Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да се повлече, потпишувајќи го новиот амандман на уставот, со кој заврши неговиот мандат на полноќ.
Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја протурка промената на уставот во парламентот оваа недела за да го отстрани Суљок, кого го сметаше за марионета на поранешниот премиер Виктор Орбан. Суљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикуваше постапка за отповикување. Тој потврди дека ќе го испочитува рокот, но ја обвини владата на за кршење на владеењето на правото.
„Амандманот означува пресвртница во унгарската уставна демократија. Основните вредности на слободното општество се згазени заради политичка моќ“, кажа Суљок.
Со новиот амандман беше сменет и претседателот на уставниот суд и се забранува пратениците да имаат повеќе од три мандати, што се однесува на повеќе од половина од сегашните парламентарци на Фидес на Орбан. Тој го опиша амандманот како чин на тиранија и повика на протести.



