УРАГАНОТ АЈДА ПОПЛАВИ ГРАДОВИ И ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА НАД МИЛИОН ДОМОВИ ВО ЛУИЗИЈАНА

    УРАГАНОТ АЈДА ПОПЛАВИ ГРАДОВИ И ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА НАД МИЛИОН ДОМОВИ ВО ЛУИЗИЈАНААјда во меѓувреме ослабна во ураган од прва категорија (Фото: Гети)

    Едно лице загина, а повеќе од милион домови останаа без струја откако ураганот Ајда синоќа ја погоди американската сојузна држава Луизијана. Ајда пристигна на американското копно како ураган од четврта категорија, носејќи ветрови од 240 километри на час и претседателот Џо Бајден најави дека ќе предизвика големи уништувања и во внатрешноста на државата. Тој прогласи состојба на катастрофа во Луизијана и кажа дека ќе бидат потребни недели за да се среди ситуацијата.

    Ајда во меѓувреме ослабна во ураган од прва категорија, со ветрови од 120 километри на час.

    Градоначалникот на Жан Лафит во Луизијана, Тим Кемер, изјави дека градот е целосно уништен, а спасувачите не можат да дојдат до стотици заглавени жители откако ураганот однесол мост.

    „И порано сме имале поплави и бури, но никогаш не сум видел олку вода во мојот живот. Ураганот нè удри на најлошиот можен начин и целосно нè уништи“, изјави Кемер за Си-Ен-Ен.

    Националниот центар за урагани објави дека има поплави низ цела југоисточна Луизијана. Властите претходно наредија евакуација на речиси еден милион луѓе.

    И целата поширока област на Њу Орлеанс е без струја. Ајда, која собираше сила поминувајќи преку топлите води на Мексиканскиот Залив викендов, ја погоди Луизијана на истиот ден кога пред 16 години ураганот од трета категорија Катрина ги опустоши Луизијана и Мисисипи, при што загинаа над 1.800 луѓе. Во меѓувреме беа вложени милијарди долари во системот за заштита од поплави и насипите во Њу Орлеанс засега добро се држат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира