УСПЕШНО СЛЕТА ПРВАТА КАПСУЛА НА НАСА СО ПРИМЕРОЦИ ОД АСТЕРОИД

    УСПЕШНО СЛЕТА ПРВАТА КАПСУЛА НА НАСА СО ПРИМЕРОЦИ ОД АСТЕРОИДНаучниците проценуваат дека капсулата содржи барем една чаша остатоци од астероидот Бену. (Фото: НАСА)

    Првите примероци од астероид на НАСА донесени од вселената денеска се спуштија со падобран во пустината Јута, со што заврши седумгодишно патување. Во прелет покрај Земјата, вселенското летало Озирис-Рекс ја ослободи капсулата со примерците од 100.000 километри. Малата капсула слета четири часа подоцна на простран терен на армијата, а матичниот брод тргна по друг астероид.

    Слетувањето се случи три минути пред предвиденото. Официјалните лица подоцна рекоа дека падобранот се отворил четири пати повисоко од предвиденото – околу 6.100 метри – поради што слета порано. По 40 минути, тимот на НАСА потврди дека капсулата е целосна и не била пробиена.

    Научниците проценуваат дека капсулата содржи барем една чаша остатоци од астероидот богат со јаглерод познат како Бену, но нема да знаат со сигурност додека не се отвори контејнерот. Некои се истуриле и и се распрскале кога пред три години вселенското летало нацрпело премногу од остатоците и при собирањето камењата го заглавиле капакот на контејнерот.

    Јапонија, единствената земја која врати примероци од астероиди, собра околу една кафена лажичка во пар мисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира