ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА НЕ СЕ ДАВА НА ЛИЦАТА ПОД 30 ГОДИНИ, ОНИЕ КОИ ЈА ПРИМИЛЕ ДА ЗЕМАТ И ВТОРА ДОЗА, ВЕЛИ БРИТАНСКИОТ РЕГУЛАТОР

    ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА НЕ СЕ ДАВА НА ЛИЦАТА ПОД 30 ГОДИНИ, ОНИЕ КОИ ЈА ПРИМИЛЕ ДА ЗЕМАТ И ВТОРА ДОЗА, ВЕЛИ БРИТАНСКИОТ РЕГУЛАТОРНесаканите ефекти се крајно ретки и ќе мора да се направат дополнителни истражувања дали вакцината предизвикува тромбоза (Фото: Гети)

    Лицата под 30 години би требало да се вакцинираат со алтернатива на „АстраЗенека“ поради доказите кои ја поврзуваат оваа вакцина со редок тип на тромбоза, објави британското регулаторно тело МХРА.

    Оние кои ја примиле првата доза од „АстраЗенека“ треба да ја добијат и втората, со исклучок на оние кај кои се развил еден од тие ретки типови на тромбоза, велат британските регулатори. Луѓето кои имаат крвни нарушувања треба да поразговараат со својот лекар за придобивките и ризиците пред да се вакцинираат.

    МХРА утврдила дека до крајот на март 79 луѓе во Велика Британија добиле тромбоза по вакцинирањего со „АстраЗенека“, при што 19 имале смртен исход. Сепак, МХРА додава дека ова не е доказ дека вакцината ги предизвикала овие случаи на згрутчување на крвта, иако врската станува поцврста.

    „Несаканите ефекти се крајно ретки и ќе мора да се направат дополнителни истражувања дали вакцината предизвикува тромбоза. Придобивките од вакцината сѐ уште ги надминуваат ризиците кај мнозинството луѓе, што е поизбалансирано кај помладите возрасни групи“, изјави Џун Рејн од МХРА.

    Речиси две третини од случаите на тромбоза се регистрирани кај жени, а оние што починале биле на возраст од 18 до 79 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира