Како производителите на вакцини против ковид-19 ќе се прилагодат на нови соеви? Овој процес би требало да биде поедноставен од создавањето на оригиналната вакцина.
Вирусите постојано мутираат како што се шират и повеќето промени се безначајни. Првата генерација вакцини против ковид-19 се чини дека делува против сегашните соеви, но производителите веќе преземаат чекори за надградување на нивните рецепти.
Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се направени според нова технологија која лесно се надградува. Нивните вакцини содржат делче од генетскиот код на коронавирусот, па нашиот имунолошки систем учи да препознава и да се бори против него. Во случај да има потреба, тие можат да го заменат тоа делче со друго за повторно да добијат ефективна вакцина.
Надградувањето на други вакцини ќе биде посложено. Вакцината на „АстраЗенека“ користи безопасна верзија на мртов вирус за да го пренесе генот на шилестиот протеин во телото, па новата вакцина би барала одгледување мртви вируси со надграден ген.
Според Агенцијата за храна и лекови на САД, тестирањето на надградените вакцини не би биле обемни и долги како за првата генерација, туку би биле доволни и неколку стотици волонтери.
Здравствените власти низ светот будно ќе ги следат мутациите на коронавирусот за да утврдат кои од нив се отпорни. Процесот ќе биде сличен како со вакцините против грип. Вирусите на грип мутираат многу побрзо отколку коронавируси, па вакцините против грип се прилагодуваат секоја година и мора да штитат од повеќе варијанти истовремено.