Ризикот од зараза, хоспитализација и смрт од ковид-19 прогресивно се намалува после две недели од вакцинирањето, покажа првиот национален италијански извештај за ефектите на имунизацијата, што го спроведоа Институтот за здравство и Министерството за здравство.
Триесет и пет дена од почетокот на вакцинирањето, бројот на зарази се намалил за 80%, бројот на хоспитализации за 90%, а бројот на смртни случаи за 95%, и кај мажи и кај жени и сите возрасни групи.
Податоците го опфаќаат периодот од 27 декември 2020, кога Италија ја почна програмата за имунизација до 3 мај и се однесуваат на 13,7 милиони луѓе.
95% од вакцинираните со „Фајзер/Бионтек“ или „Модерна“ ги примиле и двете дози, а никој од оние кои биле вклучени во истражувањето сè уште не бил целосно вакциниран со „АстраЗенека“, осносно ја примиле само првата доза.