ВАКВО ЕДИНСТВО НЕ СМЕ ИМАЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ, КАЖА ПУТИН НА ОСУМГОДИШНИНАТА ОД АНЕКСИЈАТА НА КРИМ

    ВАКВО ЕДИНСТВО НЕ СМЕ ИМАЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ, КАЖА ПУТИН НА ОСУМГОДИШНИНАТА ОД АНЕКСИЈАТА НА КРИМПутин беше специјален гостин на настанот на стадионот „Лужники“ во Москва (Фото: Гети)

    Русија ја одбележа осумгодишнината од анексијата на Крим на стадионот „Лужники“ во Москва, а како специјален гостин се појави Владимир Путин. Официјални лица кажаа дека 200.000 луѓе се собрале на стадионот, чиј капацитет е 81.000.

    Путин ја величеше војската, за која кажа дека го демонстрирала руското единство.

    „Кога е потребно, тие се заштитуваат едни со други од куршуми како браќа. Рамо до рамо, тие си помагаат и се поддржуваат. Такво единство не сме виделе одамна. Руските трупи ги штитат луѓето во источна Украина од геноцид. Знаеме што треба да направиме следно и по која цена и дефинитивно ќе ги оствариме нашите планови“, кажа Путин.

    Додека зборуваше од бината, неговото обраќање нагло беше прекинато на сите поголеми државни телевизии, што Кремљ го опиша како техничка грешка. На настанот се слушаа патриотски песни и масовно се вееја руски знамиња.

    Во руските училишта од овој месец почнаа специјални предавања за анекцијата на Крим, при што кај учениците се зацврстува патриотското чувство, а руските војници се величат како најголеми херои на нашето време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира