ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМА 938 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН, ИТАЛИЈА СО НАЈМАЛА БРОЈКА ОД 19 МАРТ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИМА 938 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН, ИТАЛИЈА СО НАЈМАЛА БРОЈКА ОД 19 МАРТВо Италија повторно имаше значителен пораст на бројот на новозаразени (Фото: Анса)

    Велика Британија ја пријави најголемата дневна бројка на починати од КОВИД-19 досега – 938, со што трагичниот биланс во земјата порасна на 7.097.

    Од владата информираа дека состојбата на премиерот Борис Џонсон се подобрува. Тој и изминатата ноќ ја поминал на интензивна нега, откако завчера му се влошиле симптомите на коронавирус.

    „Тој почна да седи и има добра комуникација со лекарите“, кажаа на дневниот владин брифинг.

    Италија бележи пад на бројот на починати, 542 во последните 24 часа, што е најмалку од 19 март. Вкупната бројка мртви порасна на 17.669, што и натаму е најмногу на светот.

    Во Италија досега има 139.422 заразени, од кои 3.836 се нови случаи, речиси 800 повеќе во споредба со вчера.

    Во Шпанија има 757 починати од КОВИД-19 во последните 24 часа, со што бројката е во пораст втор ден по ред. Регистрирани се и 6.180 новозаразени, што исто така е повеќе во споредба со вчера.

    Од досега заразените 146.690, починале 14.555 пациенти, а заздравиле над 48.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира