ВЕЛШКИ МИНИСТЕР СЕ САМОУБИ ОТКАКО ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ

    ВЕЛШКИ МИНИСТЕР СЕ САМОУБИ ОТКАКО ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕГо сменија од сите функции, иако не биле запознати со деталите од обвинувањата. - Карл Сарџент (Фото: Гети)

    Велшки министер беше пронајден мртов само неколку дена откако беше сменет од функцијата поради обвиненија за сексуално злоставување.

    Семејството изјави дека 49-годишниот Карл Сарџент бил скршен по губењето на позициите во владата и во Лабуристичката партија, што уследи откако три жени го вмешаа во сексуален скандал. Се верува дека тој извршил самоубиство.

    Од партијата изјавија дека нема потреба од независна истрага, која би испитала дали тие се носеа со случајот на праведен начин. На премиерот Карвин Џонс му се замера што го сменил Сарџент без да има доволно сознанија за ситуацијата. Се верува дека и Сарџент не бил запознат со деталите од обвинувањата.

    „Поради природата на обвинувањата, се согласив со велшкиот премиер да се повлечам од моите функции. Се радувам на враќањето во владата откако ќе ја докажам мојата невиност“, изјави Сарџент во петокот.

    Во партијата се изненадени од обвинувањата против Сарџент.

    „Тој беше последната личност од која би очекувале вакво нешто. Тој беше вистински феминист кој се бореше против семејното насилство“, изјави висок функционер на партијата, Џени Ратбоун.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира