ВЕНЕЦУЕЛА ИСПРАТИ 11.000 ВОЈНИЦИ ЗА ДА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛА ВРЗ ЗАТВОР ВО КОЈ ИМАЛО НОЌЕН КЛУБ И БАЗЕН

    ВЕНЕЦУЕЛА ИСПРАТИ 11.000 ВОЈНИЦИ ЗА ДА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛА ВРЗ ЗАТВОР ВО КОЈ ИМАЛО НОЌЕН КЛУБ И БАЗЕНЗатворот Токорон со години беше под контрола на големата банда „Трен де Арагва“ (Фото: АФП)

    Венецуела испрати 11.000 војници за да ја поврати контролата врз еден од најголемите затвори во земјата, што го имаше преземено моќна криминална банда. Затворот Токорон во северниот дел на земјата со години беше под контрола на големата банда „Трен де Арагва“.

    Нејзините членови можеле слободно да се движат низ затворот, каде што имале услови налик на хотелски, со базен, ноќен клуб и мала зоолошка градина. Покрај осудениците, во затворот живееле и многумина слободни луѓе.

    Официјални лица кажаа дека 6.000 затвореници ќе бидат префрлени во други затвори. Локалните новинари известија дека од затворот се изнесуваат мотоцикли, телевизори, клима уреди и микробранови печки.

    Им честитам на трупите кои го повратија затворот и го растурија тој центар на криминал и корупција“, соопшти министерството за внатрешни работи на Венецуела.

    Лидерот на „Трен де Арагва“, Ектор Гереро Флорес, служеше 17-годишна казна во овој затвор за убиство и трговија на дрога. Тој бил толку моќен што пред да биде осуден слободно доаѓал во затворот. Оваа банда се појави пред десетина години и во меѓувреме ги прошири своите операции во уште осум држави од Латинска Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира