ВЕРУВАМ ДЕКА РУСИЈА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА, НО НЕ САКА ЦЕЛОСНА ВОЈНА, КАЖА БАЈДЕН

    ВЕРУВАМ ДЕКА РУСИЈА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА, НО НЕ САКА ЦЕЛОСНА ВОЈНА, КАЖА БАЈДЕНБајден го предупреди Путин да не го тестира западот (Фото: АП)

    Џо Бајден смета дека Русија ќе ја нападне Украина, но дека Владимир Путин не сака целосна војна. Запрашан на последната прес-конференција во Белата куќа што мисли за руска инвазија, Бајден одговори:

    „Моја претпоставка е дека Русија ќе тргне на Украина, мора да направи нешто“.

    Москва постојано демантира дека планира да изврши инвазија, иако 100.000 руски војници беа распоредени долж границата во изминатиот период.

    „Ако руската војска ја премине границата, тоа ќе биде обновена инвазија, на што САД и сојузниците ќе одговорат брзо, сериозно и обединето“, кажа портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

    Русија има испратено низа барања до западните влади, како Украина никогаш да не стане членка на НАТО. На минатонеделните разговори не бил постигнат никаков напредок, а некои барања на Русија од старт беа отфрлени.

    „Да, верувам дека Русија ќе го тестира западот, но за тоа ќе плати сериозна и голема цена. Таа никогаш досега не видела санкции какви што ќе бидат воведени ако тргне на Украина. Се надевам дека Владимир Путин разбира дека не е во многу добра позиција да владее со светот“, изјави Бајден.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, вчера допатува во Европа и утре во Женева ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира