ВЕТРОВИ ОД 130 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ГО ПОГОДИЈА ИСТАНБУЛ, ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ

    ВЕТРОВИ ОД 130 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ГО ПОГОДИЈА ИСТАНБУЛ, ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИСе очекува екстремните временски услови да продолжат и утре (Фото: АА)

    Четири лица загинаа, а најмалку 38 се повредени откако силно невреме придружено од жестоки ветрови ги погоди Истанбул и соседните региони. Националната метеоролошка агенција соопшти дека во Истанбул се измерени ветрови од 130 километри на час, а се очекува екстремните временски услови да продолжат и утре. Второто највисоко ниво на тревога е прогласено во 17 провинции.

    „Како резултат на опасните временски услови предизвикани од југозападните ветрови, четири лица го изгубија животот, вклучувајќи еден странски државјанин. Тројца од повредените се во животна опасност“, потврди министерот за здравство Фахретин Коџа.

    Ветровите урнаа делови од згради, како бетонски столбови и ѕидови, при што снимките покажуваат како остатоци паѓаат околу пешаците. Во округот Чаталка се урна саат кула.

    Авиопревозникот „Туркиш ерлајнс“ пријави нарушувања во својот ред на летање, додека Босфор беше затворен за сообраќај во двете насоки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира