ВИЕТНАМ ЌЕ ЕВАКУИРА 80.000 ДОМАШНИ ТУРИСТИ ПО ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД АПРИЛ

    ВИЕТНАМ ЌЕ ЕВАКУИРА 80.000 ДОМАШНИ ТУРИСТИ ПО ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД АПРИЛЛокалното пренесување на вирусот е откриено во туристичкиот центар Дананг (Фото: АП)

    Виетнам ќе евакуира 80.000 луѓе, главно домашни туристи, од туристичкиот центар Дананг, откако тројца локални жители имале позитивен тест на коронавирус овој викенд, објави владата.

    Во саботата, во земјата беше регистриран првиот случај на локално пренесување на коронавирусот од април, а вчера уште три, сите во или околу Дананг. Евакуацијата ќе трае четири дена, при што дневно треба да има околу 100 летови од Дананг кон 11 виетнамски градови.

    Виетнам досега беше една од најуспешните држави во борбата против пандемијата, откако воведе строги мерки на карантин и спроведуваше агресивна и распространета програма на тестирање. Иако има 95 милиони жители и граничи со Кина, во Виетнам досега има само 420 заразени и ниту еден смртен случај од ковид-19. Земјата и натаму е затворена за странските туристи, но затоа има пораст на патувањата меѓу домашните жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира