ВИСОК ПРОРУСКИ ФУНКЦИОНЕР НА ОКУПИРАНИОТ УКРАИНСКИ РЕГИОН ЛУГАНСК УБИЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈА

    ВИСОК ПРОРУСКИ ФУНКЦИОНЕР НА ОКУПИРАНИОТ УКРАИНСКИ РЕГИОН ЛУГАНСК УБИЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈАМихаил Филипоненко беше активен во проруското сепаратистичко движење во Луганск од 2014 (Фото. Телеграм)

    Висок проруски функционер во окупираниот украински регион Луганск е убиен во експлозија подметната во неговиот автомобил, објавија локалните медиуми. Михаил Филипоненко беше пратеник во Народниот совет, кој ја има улогата на парламент во Народната Република Луганск.

    „Како резултат на детонирањето на експлозивна направа во автомобилот на Филипоненко, заменик-шефот на Народниот совет се здоби со смртоносни повреди“, објави Информативниот центар на Луганск.

    Филипоненко беше активен во проруското сепаратистичко движење во Луганск од 2014 и беше еден од заповедниците на милицијата на НР Луганск. На спорните избори во септември, беше избран за пратеник во регионалниот парламент.

    Украина ја презеде одговорноста за убиството на Филипоненко, кого го опиша како предавник кој организирал и учествувал во мачења на воени заробеници и цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира