„ВИЗЕР“ ОД 1 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ГО ВАКЦИНИРА ЦЕЛИОТ ЕКИПАЖ

    „ВИЗЕР“ ОД 1 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ГО ВАКЦИНИРА ЦЕЛИОТ ЕКИПАЖ„Визер“ е една од првите европски авиокомпании кои на овој начин ги зајакнуваат заштитните мерки (Фото: Визер)

    „Визер“ објави дека од 1 декември, целиот екипаж во неговите авиони ќе биде вакциниран против ковид-19, а во специјални случаи и ќе се тестира. Од авиокомпанијата кажаа дека ова го прават во интерес на здравјето и безбедноста на своите патници и екипаж, што пак ќе овозможи непречени и континуирани летови на долг рок.

    „Визер“ нагласува дека е една од првите европски авиокомпании кои на овој начин ги зајакнуваат заштитните мерки.

    „Приоритет број еден за нас се здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со ублажување на ризиците од ковид-19, а вакцините играат витална улога во ова“, изјави Јозеф Варади, извршниот директор на „Визер“.

    „Јунајтед ерлајнс“ беше првата авиокомпанија која воведе задолжително вакцинирање за своите 67.000 вработени, а од 15 ноември оваа мерка ќе биде на сила и во „Свис ерлајнс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира