17 МРТВИ ВО УЧИЛИШТЕ НА ФЛОРИДА, ВКЛУЧИЛ ПРОТИВПОЖАРЕН АЛАРМ И ПОЧНАЛ ДА ПУКА

    17 МРТВИ ВО УЧИЛИШТЕ НА ФЛОРИДА, ВКЛУЧИЛ ПРОТИВПОЖАРЕН АЛАРМ И ПОЧНАЛ ДА ПУКАОсомничениот напаѓач Николас Круз бил фатен еден час по пукањето (Фото: Си-Ен-Ен)

    Најмалку 17 луѓе се убиени во последното масовно пукање во САД, што се случи во средно училиште во градот Паркленд на Флорида.

    Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач бил фатен и приведен еден час по пукањето и го идентификуваше како 19-годишниот Николас Круз, кој бил исклучен од училиштето „Стоунмен Даглас“ од дисциплински причини.

    Неколку минути пред крајот на наставата, Круз ги извлекол учениците во ходник, вклучувајќи противпожарен аларм, по што отворил оган од автоматско оружје. Полицијата изјави дека има и 14 повредени.

    „Мислевме дека станува збор за уште една вежба, бидејќи веќе имавме една во текот на денот. Затоа никој не беше нервозен. Но, кога се слушна дека има напад, тогаш сите почнаа да бегаат“, изјави еден ученик.

    Засега нема информации кои се мотивите за нападот.

    Ова е 18. напад со огнено оружје во и околу училишта во САД оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира