СРПСКАТА ВЛАДА ГИ ЗАБРАНИ НОЌНИТЕ ЗАБАВИ ВО БЕЛГРАД ПО ПОСЛЕДНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

    СРПСКАТА ВЛАДА ГИ ЗАБРАНИ НОЌНИТЕ ЗАБАВИ ВО БЕЛГРАД ПО ПОСЛЕДНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТВладата најави казни за оние кои нема да носат маска во јавен превоз и во затворени места (Фото: Тањуг)

    Српската влада го ограничи работното време на ноќните клубови и популарните сплавови во Белград до 23 часот, по последното големо ширење на коронавирусот во главниот град.

    Наспроти најавите на српските медиуми, претседателот Александар Вучиќ не го врати полицискиот час во Белград, но угостителските објекти и ноќните клубови нема да смеат да работат од 23 до шест часот. Исто така, јавните собири се ограничени на најмногу 100 луѓе во затворено, односно на 500 луѓе на отворен простор.

    Носењето маска е задолжително во јавен превоз и во затворени места, а непочитувањето ќе се казнува со 5.000 динари (42 евра).

    По изборите, бројката новозаразени со коронавирусот во Србија е сѐ поголема секој ден. Вчера имаше 359 нови случаи, од кои 80% биле во Белград и властите велат дека заразата најмногу се шири во ноќните клубови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира