Владата на САД повторно ќе профункционира откако републиканците и демократите во Сенатот го изгласаа законот за нејзино привремено финансирање.
Сенаторот Чак Шумер изјави дека демократите ќе го прифатат законот, доколку републиканците ја поддржат програмата со која младите имигранти се заштитуваат од депортација.
Според Шумер, владата ќе продолжи со работа за неколку часа, откако три дена беше во прекин.
Шумер изрази оптимизам околу претстојните преговори со кои ќе се реши судбината на 700.000 млади имигранти кои во САД дошле како деца, претходно заштитени со посебна програма на Барак Обама, позната како ДАКА.
„Мора да одиме напред и првиот чекор беше да ставиме крај на блокадата на владата. Мојата партија ќе ги земе предвид законите кои се однесуваат на ДАКА, безбедноста на границата и на природните катастрофи“, кажа републиканскиот сенатор Мич Мекконел.