ВЛАДАТА НА САД ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА ПО ТРИ ДЕНА ПРЕКИН

    ВЛАДАТА НА САД ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА ПО ТРИ ДЕНА ПРЕКИНДемократите и републиканците во Сенатот го изгласаа законот за привремено финансирање на владата (Фото: ЕПА)

    Владата на САД повторно ќе профункционира откако републиканците и демократите во Сенатот го изгласаа законот за нејзино привремено финансирање.

    Сенаторот Чак Шумер изјави дека демократите ќе го прифатат законот, доколку републиканците ја поддржат програмата со која младите имигранти се заштитуваат од депортација.

    Според Шумер, владата ќе продолжи со работа за неколку часа, откако три дена беше во прекин.

    Шумер изрази оптимизам околу претстојните преговори со кои ќе се реши судбината на 700.000 млади имигранти кои во САД дошле како деца, претходно заштитени со посебна програма на Барак Обама, позната како ДАКА.

    „Мора да одиме напред и првиот чекор беше да ставиме крај на блокадата на владата. Мојата партија ќе ги земе предвид законите кои се однесуваат на ДАКА, безбедноста на границата и на природните катастрофи“, кажа републиканскиот сенатор Мич Мекконел.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира