Владата на Доналд Трамп наводно планира да ја спои Американската агенција за меѓународна помош (УСАИД) со Стејт департментот, додека на вработените им било кажано да не доаѓаат во нејзиното седиште во Вашингтон.
Државниот секретар Марко Рубио изјави дека тој сега е шеф на УСАИД, која распределува помош низ светот вредна милијарди долари. Демократските конгресмени го опишаа ова како незаконски и неуставен потег кој би можел ги повреди сиромашните луѓе низ светот, да ѝ наштети на националната безбедност и да го намали американското влијание на светската сцена.
Трамп вчера кажа дека агенцијата ја водат „радикални левичарски лудаци кои досега се извлекуваа за огромна измама“.
„Многу функции на организацијата ќе продолжат. Тие ќе бидат дел од американската надворешна политика и во согласност со неа“, изјави Рубио.
Нејасно е како владата планира да ја спроведе оваа промена. Илон Маск, кој е еден од главните советници на Трамп, претходно најави дека УСАИД ќе биде укината оти не може да се поправи.
Агенцијата беше основана од Џон Кенеди во 1961 и денес има околу 10.000 вработени и годишен буџет од речиси 40 милијарди долари.