ВО ГЕРМАНИЈА ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ ВО ОРДИНАЦИИ, БОЛНИЦИ И ДОМОВИ ЗА СТАРИ

    ВО ГЕРМАНИЈА ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ ВО ОРДИНАЦИИ, БОЛНИЦИ И ДОМОВИ ЗА СТАРИНа почетокот на март беше укината и обврската посетителите на болниците и домовите за стари лица да покажат негативен тест за коронавирус. (Фото: ЕПА)

    Во Германија од денеска не мора да се носат заштитни маски во лекарските ординации, болниците и установите за нега, скоро три години откако првпат стана задолжително за да се забави ширењето на коронавирусот.

    Одредбите истекоа како што е наведено во Законот за заштита од инфекции на земјата. Правилата поврзани со пандемијата за заштита на ранливите популации беа ублажени во неколку чекори. На почетокот на март беше укината и обврската посетителите на болниците и домовите за стари лица да покажат негативен тест за коронавирус.

    Обврската за маскирање во продавниците, автобусите и возовите одамна е укината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира