ВО КИЕВ ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА ПРВИОТ РУСКИ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА

    ВО КИЕВ ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА ПРВИОТ РУСКИ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВАРускиот војник Шишмарин е обвинет дека убил невооружен човек, кој бил на велосипед и зборувал на телефон. (Фото: Украинско обвинителство)

    Во суд во Киев денеска ќе почне првото судење за воени злосторства откако почна руската инвазија на Украина. На обвинителната клупа е 21-годишниот Вадим Шишмарин, командант на тенковска единица, кој е обвинет за убиство на 62-годишен цивил.

    Според обвинението, наредникот Шишмарин, кој се учестуваше во борбите околу градот Суми на североистокот од Украина, го убил цивилот на 28 февруари во селото Чупакивка.

    Рускиот војник, кој е во притвор откако беше заробен од украинската војска, е обвинет дека пукал во цивилен автомобил откако неговиот конвој со воени возила се нашол под напад на украинските сили. Тој потоа го украл цивилното возило и со четири други војници се обидел да избега од украинските војници.

    Шишмарин потоа убил невооружен човек, кој бил на велосипед и зборувал на телефон. Тој тврди дека имал наредба да го убие цивилот за да не ги пријави руските војници на украинската војска, според украинските обвинители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира