ВО КИНА ИМА 900 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ НОВИТЕ ПРОЦЕНКИ

    ВО КИНА ИМА 900 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ НОВИТЕ ПРОЦЕНКИВрвот на ковид бранот во Кина се очекува да трае два до три месеци (Фото: Гети)

    Околу 900 милиони луѓе биле заразени со ковид-19 до 11 јануари, покажа истражувањето на Универзитетот на Пекинг. Во извештајот се вели дека 64% од кинеското население е заразено.

    Најголем број заразени има во провинцијата Гансу, дури 91%, па следуваат Јунан со 84% и Кингаи со 80%.

    Водечкиот кинески епидемиолог Зенг Гуанг предупреди дека би можело да има големо ширење на вирусот во руралните средини околу Кинеската нова година. Стотици милиони Кинези патуваат во своите родни места во пресрет на Кинеската нова година на 23 јануари, многумина за првпат од почетокот на пандемијата пред три години.

    Врвот на ковид бранот во Кина се очекува да трае два до три месеци“, додаде Гуанг.

    Откако долго време се држеше до својата строга нулта ковид политика, Кина неодамна ги укина сите коронамерки, што придонесе за брзо ширење на вирусот. Кина исто така веќе не ги објавува дневните бројки на заразени и починати, па точниот обем на ширењето не е познат. Централната провинција Хенан пред неколку дена објави дека околу 90% од тамошното население е заразено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира