ВО КИНА ПОЧНА АКЦИЈА ПРОТИВ УЛИЧНИ И ГОЛЕМИ КУЧИЊА ОТКАКО РОТВАЈЛЕР НАПАДНА ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ

    ВО КИНА ПОЧНА АКЦИЈА ПРОТИВ УЛИЧНИ И ГОЛЕМИ КУЧИЊА ОТКАКО РОТВАЈЛЕР НАПАДНА ДВЕГОДИШНО ДЕТЕНа снимка од инцидентот се гледа како мајката на девојчето се обидува да ја одбрани ќерка си, но ротвајлерот ја заобиколува и го грабнува детето. (Фото: принтскрин)

    Властите во Кина почнаа акција против улични, нерегистрирани и големи кучиња, откако минатата недела ротвајлер нападна двегодишно девојче и сериозно го повреди. Девојчето е во стабилна состојба, но има оштетен бубрег, скршени ребра и исекотини по целото тело.

    На снимка од инцидентот се гледа како мајката на девојчето се обидува да ја одбрани ќерка си, но ротвајлерот ја заобиколува и го грабнува детето. Напомош пристигнуваат двајца работници кои биле во близина и со метла и уште еден голем стап успеваат да го избркаат ротвајлерот.

    Сопственикот на кучето во меѓувреме е уапсен.

    Сепак, акцијата на властите се најде под критики на социјалните мрежи во Кина, и многумина велат дека неселективно се убиваат кучиња. По реакциите од јавноста, кинеските власт во многу провинции соопштија дека уловените кучиња ќе бидат убиени само ако не се најде сопственик за нив.

    Во Кина, според проценките, има околу 40 милиони улични кучиња, но ротвајлерот што го нападна девојчето во Чонгжоу, не е улично куче, туку пуштено да шета слободно од сопственикот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира