ВО МАДРИД НАПАДНАТА АМБАСАДОРКАТА НА СРБИЈА

    ВО МАДРИД НАПАДНАТА АМБАСАДОРКАТА НА СРБИЈАИрена Шарац се здобила со повреди на грбот во нападот (Фото: МСП)

    Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ го осуди физичкиот напад врз српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац, што се случи вчера попладне.

    Најостро го осудувам физичкиот напад врз амбасадорката Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите надлежни органи да спроведат целосна истрага за овој нечуен инцидент’, изјави Ѓуриќ.

    Како што објави новинската агенција „Танјуг“, помлад маж вчера ја нападнал Шарац на улица и притоа ѝ нанесол повреди на грбот.

    „Очевидците изјавиле дека напаѓачот зборел албански јазик. Тој ѝ пришол на Шарац додека зборела на телефон, ја прашал дали е од Србија и потоа со нога ја удрил во грбот. Амбасадорката е во добра состојба“, објави „Танјуг“.

    Неколкумина сведоци се обиделе да го фатат напаѓачот, но тој избегал, а случајот е пријавен во полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира