ВО МОСКВА ПОЧНА 11-ДНЕВНИОТ НЕРАБОТЕН ПЕРИОД ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СМЕАТ ДА ИЗЛЕГУВААТ И ПАТУВААТ

    ВО МОСКВА ПОЧНА 11-ДНЕВНИОТ НЕРАБОТЕН ПЕРИОД ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СМЕАТ ДА ИЗЛЕГУВААТ И ПАТУВААТМосква не воведе класичен карантин како во претходните случаи (Фото: АП)

    Москва денеска го започна 11-дневниот неработен период, во обид да се намали ширењето на коронавирусот во периодот кога Русија бележи рекордни бројки. Во изминатите 24 часа регистрирани се над 40.000 нови случаи на зараза и 1.159 починати од ковид-19, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

    Претседателот Путин воведе неработен период во цела Русија од 30 октомври до 7 ноември, кога најголем дел од државните установи и приватните бизниси ќе запрат со работа. Тој им препорача на најпогодените региони и порано да почнат со оваа мерка.

    Во Москва од денеска се затворени несуштинските продавници, градинките, училиштата, теретаните и местата за забава, а рестораните и баровите ќе работат само со нарачки. Отворени ќе бидат само продавниците за храна, аптеките и клучните инфраструктурни фирми.

    Москва не воведе класичен карантин, па на луѓето не им се препорачува да седат дома, туку ќе смеат да излегуваат и патуваат за време на неработниот период.

    Русија беше првата земја на светот која разви и одобри вакцина против ковид-19, но моментално само 32% од населението е целосно вакцинирано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира