ВО МОСКВА СЕ ПОЈАВИЈА БИЛБОРДИ НА КОИ СЛАВНИ ШВЕЃАНИ СЕ ОБВИНУВААТ ЗА ПОДДРШКА НА НАЦИЗМОТ

    ВО МОСКВА СЕ ПОЈАВИЈА БИЛБОРДИ НА КОИ СЛАВНИ ШВЕЃАНИ СЕ ОБВИНУВААТ ЗА ПОДДРШКА НА НАЦИЗМОТНа билбордите се прикажани кралот Карл Густав Петти, Астрид Линдгрен, Ингмар Бергман и основачот на „ИКЕА“, Ингвар Кампрад (Фото: Твитер)

    Билборди на кои што некои од најславните Швеѓани од 20. век се обвинуваат за поддршка на нацизмот осамнаа во Москва, што е нов знак на влошување на односите помеѓу Русија и Шведска, која најави приклучување кон НАТО.

    На билбордите се прикажани кралот Карл Густав Петти, писателката Астрид Линдгрен, филмскиот режисер Ингмар Бергман и основачот на „ИКЕА“, Ингвар Кампрад, придружено од пораката „Ние сме против нацизмот, тие не се“. Два вакви билборда беа поставени и на автобуската станица пред амбасадата на Шведска.

    „Попрво би рекла ‘Хајл Хитлер‘ отколку да го поминам целиот живот под руската власт“, стои до сликата на Линдгрен, цитат преземен од нејзиниот дневник од Втората светска војна.

    Од Бергман, кој се смета за еден од најзначајните режисери на сите времиња, се пренесени зборови за еден нацистички марш.

    „Никогаш не сум видел таква ерупција на енергија. Викав како сите други, ги кревав рацете како сите други и го сакав тоа како и сите други“, рекол Бергман, кој подоцна целосно се огради од нацизмот откако се дозна за концентрационите логори.

    Руското министерство за надворешни работи не ги коментираше билбордите, зад кои стои руската организација „Наша победа“, додека шведската премиерка Магдалена Андерсон ги опиша како целосно неприфатливи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира