Педесет и седум Украинци се убиени во денешната руска инвазија на земјата, а 169 се ранети, потврди украинскиот министер за здравство. Министерот Виктор Љашко вели дека здравствениот систем во земјата во моментов е стабилен, пренесе новинската агенција Интерфакс-Украина.
Сепак, на оние на кои им е доволна амбулантска нега им се советува да ги ослободат болничките кревети за оние на кои можеби ќе им треба хоспитализација.
Русија утринава ја зпочна инвазијата на Украина од исток и од север од Белорусија, а до доцна попладнето руските сили стигнаа на само 7 километри од главниот град Киев. „Си-Ен-Ен“ објави дека руските трупи веќе го контролираат аеродромот што е воена база на украинските сили.