ВО САЈБЕРНАПАД УКРАДЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА 1,2 МИЛИОНИ ЛИЦА И 200.000 КОМПАНИИ ВО ЛАТВИЈА

    ВО САЈБЕРНАПАД УКРАДЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА 1,2 МИЛИОНИ ЛИЦА И 200.000 КОМПАНИИ ВО ЛАТВИЈАОва сега е буквално прашање на национална безбедност“, рече премиерот Андрис Кулбергс. (Фото: ДПА)

    Во сајбернапад од големи размери се украдени податоци за 1,2 милиони поединци и 200.000 компании во Латвија, соопшти денеска Дирекцијата за безбедност на патниот сообраќај (ЦСДД). Според извештаите, со нападот минатата недела биле прибавени информации како што се имиња и презимиња, податоци за плаќање, регистарски таблички на возила и адресата регистрирана на денот кога била пружена услугата. Латвија има население од околу 1,9 милиони жители. Првично не беше јасно кој стои зад инцидентот.

    Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи можноста за сајбернапад што потекнува од друга земја, пренесе новинската агенција „Лета“. Латвискиот орган за сајбербезбедност и ЦСДД предупредија дека украдените податоци би можеле да бидат злоупотребени од измамници. Кулбергс нареди истрага за инцидентот и го критикуваше раководството на ЦСДД што со задоцнување го известило за кражбата на податоци.

    „Морам да кажам дека сум непријатно изненаден од одреден инфантилизам во однос на ИТ-безбедноста што постои кај некои регулаторни тела и владини институции“, рече премиерот. Тој се осврна на претходниот хакерски напад врз државната управа за шумарство во јуни.

    Двата „сериозни сајберинциденти“ што се случија во краток временски период беа јасен сигнал дека се потребни дополнителни безбедносни мерки, рече тој. „Ова сега е буквално прашање на национална безбедност“, изјави Кулбергс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира