ВО СИДНЕЈ ДЕНЕСКА 47,3 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ, НАЈЖЕЖОК ДЕН ВО 79 ГОДИНИ

    ВО СИДНЕЈ ДЕНЕСКА 47,3 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ, НАЈЖЕЖОК ДЕН ВО 79 ГОДИНИТемпературата денеска беше нешто пониска од жегата што ја погоди областа во 1939 година, кога живата достигнала 47,8 степени Целзиусови, потврди Бирото за метеорологија; - плажата Бонди во Сиднеј (Фото: Ројтерс)

    Австралискиот град Сиднеј денеска го доживеа најжешкиот ден во 79 години, при што температурите во регионот достигнаа до 47,3 степени Целзиусови. Издадени се предупредувања за пожари за пошироката област на Сиднеј, а во градот е забрането секакво палење оган.

    Температурата денеска беше нешто пониска од жегата  што ја погоди областа во 1939 година, кога живата достигнала 47,8 степени Целзиусови, потврди Бирото за метеорологија.

    Тенисерите на меѓународниот тениски турнир во Сиднеј беа принудени да го напуштат теренот во 10 часот, откако температурата надмина 40 степени. Французинката  Кристина Младеновиќ се извини откако се повлече среде својот меч против Австралијанката Елен Перез поради жегата.

    „43 степени, но веројатно 50 на теренот кога започна мечот“, рече Младеновиќ и додаде: „Жалам за навивачите, мислам дека ова е првпат во кариерата да се повлечам од натпревар“.

    Новинарот Џејми Пандарам напиша на Твитер дека жегата ги спречила фотографите да ја вршат својата работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира