ВО СЛОВЕНИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ЗАВРШИ ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

    ВО СЛОВЕНИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ЗАВРШИ ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТВо земјата три дена по ред нема нов случај на коронавирус (Фото: ЕПА)

    Словенија и официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, откако и во изминатите 24 часа немаше ниеден позитивен тест, објави владата.

    Во земјата три дена по ред нема нов случај на коронавирус, ниту починати од оваа болест, додека во болниците се лекуваат само уште шест лица.

    И покрај тоа што епидемијата заврши, на сила остануваат некои мерки, како социјално дистанцирање и задолжително носење маска на местата каде што не може да се држи растојание. И натаму важат ограничувања за масовни јавни собири, при што сега се дозволени настани со најмногу 200 луѓе.

    Благодарение на добрата епидемиолошка слика, во Словенија денеска се отвораат поголеми хотели, спа и фитнес центри и базени и почнува наставата во основните училишта.

    Словенија го пријави првиот случај на коронавирус на 4 март и во меѓувреме имаше 1.473 заразени и 108 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира