Утрово на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград пристигнаа милион дози од кинеската вакцина против ковид-19 „Синофарм“. Вакцинацијата со кинеската вакцина ќе почне од понеделник, бидејќи сè уште нема добиено дозвола од Агенцијата за лекови.
Српскиот претседател Александар Вучиќ при приемот на вакцините кажа дека тој во наредните седум дена ќе се вакцинира со кинеската вакцина, за да покаже дека таа е безбедна.
Во Србија веќе се врши вакцинација на населението против ковид-19 со вакцините на „Фaјзер/Бионтек“ и руската „Спутник“. Вучиќ најави дека во понеделник ќе пристигнат нови 19.500 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ а во вторник уште 250.000 од „Спутник“.
Вакцинацијата во Србија почна на 24 декември со вакцините на „Фајзер/Бионтек“.