УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА ХРВАТСКАТА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА, СЕ СОМНИЧИ ДЕКА БИЛ ПОСРЕДНИК ВО ПОДМИТУВАЊЕТО НА МИЛАН БАНДИЌ

    УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА ХРВАТСКАТА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА, СЕ СОМНИЧИ ДЕКА БИЛ ПОСРЕДНИК ВО ПОДМИТУВАЊЕТО НА МИЛАН БАНДИЌДиректорот на ХРТ, Казимир Бачиќ, се сомничи за тргување со влијание (Фото: Кропикс)

    Директорот на Хрватската радиотелевизија Казимир Бачиќ е уапсен денеска во големата полициска акција поврзана со спорната изградба на луксузен станбен комплекс во Загреб.

    Во акцијата на расчистување на криминалите на бившата градска власт приведени се уште седум лица, вклучувајќи го Милан Лончариќ, бившиот директор на пропаднатата фабрика за електрични сијалици ТЕЖ, на чиј простор требаше да се гради новата населба.

    Според „Индекс“, Бачиќ се сомничи за тргување со влијание, а Лончариќ за давање мито. Бачиќ наводно бил посредник во трансферот на пари помеѓу сега покојниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ и Лончариќ, од кого во знак на благодарност добил стан.

    Меѓу уапсените се и двајца поранешни возачи и три блиски соработнички на Бандиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира