ИСТРАГА ПРОТИВ 36-ГОДИШНИК КОЈ 6 МЕСЕЦИ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА

    ИСТРАГА ПРОТИВ 36-ГОДИШНИК КОЈ 6 МЕСЕЦИ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛАОбвинителот бара притвор за осомничениот поради можност да го повтори делото, но и да влијае врз детето и нејзиниот исказ и врз други сведоци. (Фото: СДК.МК)

    Битолското Основно јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој 6 месеци силувал 12-годишно девојче во Битола. Обвинителството вели дека тој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

    „Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.

    Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира