ВОЗ УДРИ ВО КРАН И ИЗЛЕТА ОД ШИНИ ВО ХОЛАНДИЈА, НАЈМАЛКУ ЕДЕН ЗАГИНАТ

    ВОЗ УДРИ ВО КРАН И ИЗЛЕТА ОД ШИНИ ВО ХОЛАНДИЈА, НАЈМАЛКУ ЕДЕН ЗАГИНАТДеветнаесет луѓе се префрлени во болница, од кои некои се во сериозна состојба (Фото: Јунајтед прес)

    Најмалку едно лице загина, а 30-ина се повредени, откако патнички воз ноќеска излета од шини во западна Холандија. Итните служби кажаа дека несреќата се случила кога возот со околу 50 патници удрил во градежен кран кај селото Форсхотен близу Хаг.

    Во несреќата е оштетен и товарен воз. Деветнаесет луѓе се префрлени во болница, од кои некои се во сериозна состојба.

    Предниот вагон од ноќниот воз Лејден-Хаг влетал во поле по судирот, кој се случил во 3:25 часот, а пожарот кој избувнал во друг вагон бргу бил изгаснат, јавуваат холандските медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира