ВРЕМЕ Е НЕКОЈ ДРУГ ДА ПРЕГОВАРА ВО ИМЕ НА УКРАИНА МЕСТО ЗЕЛЕНСКИ, КАЖА ТРАМП

    ВРЕМЕ Е НЕКОЈ ДРУГ ДА ПРЕГОВАРА ВО ИМЕ НА УКРАИНА МЕСТО ЗЕЛЕНСКИ, КАЖА ТРАМПЗеленски вели дека одлуките на САД се тешки за објаснување (Фото: Гети)

    Доналд Трамп смета дека некој друг, а не Володимир Зеленски, би требало да преговара во име на Украина, додека се обидува да стави крај на војната со Русија.

    „Можеби е време Зеленски да најде некој друг да преговара“, рече Трамп, кој на 10 октомври повика Украина да добие нов претседател.

    Трамп, исто така, им рече на новинарите дека Русија била добра во однос на Украина.

    „Тие не направија многу“, кажа тој.

    Односите помеѓу САД и Украина се влошија по одлуката на Трамп да ѝ дозволи на Русија да продава дизел, по што укина и дел од санкциите. Зеленски вели дека одлуките донесени од САД се тешки за објаснување.

    „Бидејќи сè се сведува на одбивањето на Путин да ја заврши оваа војна, како и на одлуките од американската страна, кои се тешки за објаснување меѓу пријатели“, рече Зеленски за време на средбата со делегација од американскиот Конгрес.

    Тој рече дека Украина не добила целосно објаснување за ограничувањата на системот „Старшилд“, кој е потребен за изведување напади со беспилотни летала и за одбрана од руски напади и дека во изминатата недела, Украина во три наврати не добила предупредување за напад, какво што вообичаено добива од своите партнери.

    „Исто така, знаеме дека Пентагон ја одложува испораката на ракети, за кои нашите партнери веќе платиле. Според моите сознанија, еден пакет ракети чека на потпис од министерот за одбрана Пит Хегсет. Сето ова укажува на тоа дека е донесена некаква политичка одлука да се забави поддршката за нас“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира