ВРХОВНИОТ СУД НА САД ЈА БЛОКИРАШЕ НАРЕДБАТА НА БАЈДЕН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ВО ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ

    ВРХОВНИОТ СУД НА САД ЈА БЛОКИРАШЕ НАРЕДБАТА НА БАЈДЕН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ВО ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИНаредбата ќе опфатеше околу 84 милиони работници (Фото: Гети)

    Врховниот суд на САД ја блокираше наредбата на претседателот Џо Бајден вработените во големите компании да се вакцинираат против ковид-19 или редовно да се тестираат и носат маска. Судиите заклучиле дека правилото за безбедност на работното место во големите компании ги надминува овластувањата на администрацијата на Бајден, која сметаше дека на тој начин ќе се помогне борбата против пандемијата.

    Истовремено, судиите кажаа дека наредбата може да се примени на десетте милиони вработени во здравствените установи кои се финансираат од владата.

    Бајден изрази разочараност од пресудата да се блокира „здраворазумно барање кое спасува животи“.

    „Ги повикувам бизнис лидерите веднаш да им се придружат на оние кои веќе донесоа таква одлука и да воведат барање за вакцинирање, со цел да се заштитат вработените, клиентите и заедниците. Тоа веќе го стори една третина од стоте најголеми компании во Америка“, изјави Бајден.

    Бившиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на судот, велејќи дека задолжителното вакцинирање дополнително би ја уништило економијата.

    Наредбата на Бајден, при која вработените сами би плаќале за тестирањата еднаш неделно, ќе опфатеше околу 84 милиони работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира