Доналд Трамп нема да биде дисквалификуван од републиканските предизбори во Колорадо и неговото име ќе остане на гласачките ливчиња, одлучи Врховниот суд на САД, што претставува голема победа за бившиот претседател. Во Колорадо ќе се гласа утре на таканаречениот „супервторник“, покрај уште 14 сојузни држави, кога се очекува Трамп да ја потврди републиканската номинација за учество на претседателските избори во ноември.
Во декември, највисокиот суд на Колорадо го отстрани Трамп од своите гласачки ливчиња, повикувајќи се на 14. амандман, кој им завранува на учесниците во државна побуна да се кандидираат за претседател. На сослушувањето на 8 февруари, Врховниот суд изрази скептичност околу потегот и го обвини Колорадо дека ги пречекорил своите овластувања.
„Голема победа за Америка! Неоснованиот план на Демократите да го избришат моето име пропадна, но нашата борба да ја направиме Америка повторно голема е далеку од завршена“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Врховниот суд објасни дека Конгресот, а на одделните сојузни држави, има моќ да ја спроведе Секцијата 3 од 14. амандман. Таа им забранува на федералните, државните и воените функционери кои се вклучиле во бунт против земјата повторно да држат функција. Сепак, ова правило не се однесува на претседателите, па не може да се примени на нив.