ВРХОВНИОТ СУД НА САД ПРЕСУДИ ДЕКА ТРАМП УЖИВА ОДРЕДЕН ИМУНИТЕТ ОД КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ

    ВРХОВНИОТ СУД НА САД ПРЕСУДИ ДЕКА ТРАМП УЖИВА ОДРЕДЕН ИМУНИТЕТ ОД КРИВИЧНО ГОНЕЊЕСудењето на Трамп требаше да почне во март, но беше одложено поради прашањето на имунитетот (Фото: АП)

    Врховниот суд на САД првпат призна дека бившите претседатели имаат имунитет од гонење за одредени дејствија извршени на функцијата, отфрлувајќи ја судската одлука со која беше одбиен обидот на Доналд Трамп да се заштити од кривичните обвиненија кои се однесуваат на неговите напори да го поништи изборниот пораз во 2020.

    Со 6:3 во гласови беше пресудено дека некогашните претседатели имаат имунитет за дејствија направени во рамките на нивните уставни овластувања, но не и за дејствија направени во приватно својство. Ова е првпат од основањето на нацијата во 18. век Врховниот суд да прогласи дека бившите претседатели можат да бидат заштитени од кривични обвиненија во некои случаи.

    Одлуката доаѓа откако Трамп се жалеше во понизок суд против отфрлањето на неговото барање за имунитет. Трамп тврдеше дека е заштитен од прогон зашто служел како претседател кога ги извршил дејствијата за кои се покренати обвиненија.

    Без имунитет, актуелните претседатели би се соочиле со уцени и изнуди од политичките ривали поради закани од иден прогон“, изјави адвокатскиот тим на Трамп.

    Трамп во август 2023 беше обвинет за заговор за измама на САД, коруптивно попречување на официјална постапка и за заговор против правото на Американците да гласаат. Судењето требаше да почне во март, но беше одложено поради прашањето на имунитетот. Нов датум на судењето засега нема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира