Врвниот руски вселенски научник Витали Мелников починал откако наводно се отрул со печурки. Професорот Мелников го водел одделот за ракетни и вселенски системи во „РСЦ Енергија“, водечкиот московски производител на вселенски летала.
Весникот „Московски комсомолетс“ објави дека 77-годишниот Мелников сериозно се разболел пред две недели откако јадел отровни печурки. Не се познати околностите во кои што се отрул.
Во текот на својата кариера, Мелников бил главен истражувач во еден оддел на руската вселенска агенција Роскосмос, напишал речиси 300 научни трудови и важел за еден од најугледните вселенски научници. Тој исто така соработувал со странски агенции, вклучувајќи ја и НАСА.