ВТОРПАТ ОВАА ГОДИНА ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ НА ИСЛАНДСКИОТ ПОЛУОСТРОВ РЕЈКЈАНЕС

    ВТОРПАТ ОВАА ГОДИНА ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ НА ИСЛАНДСКИОТ ПОЛУОСТРОВ РЕЈКЈАНЕСЗасега е нејасно дали новата ерупција повторно ќе го погоди гратчето Гриндавик (Фото: Икс)

    Вулканот во југозападниот дел на Исланд еруптираше вторпат оваа година, а вкупно шести пат од 2021. Снимките од полуостровот Рејкјанес покажуваат фонтани од светлопортокалова стопена карпа како излегуваат од пукнатини во земјата.

    Околната геотермална бања Сина Лагуна е затворена, објави Исландската метеоролошка служба.

    Претходната ерупција почна на 14 јануари и траеше два дена, при што лавата навлезе и во периферијата на рибарското гратче Гриндавик, чии 4.000 жители веќе беа евакуирани. Засега е нејасно дали новата ерупција повторно ќе го погоди гратчето.

    Исландските власти во ноември почнаа да градат бариери за да се пренасочи текот на лавата подалеку од домови и клучна инфраструктура. Иако заканата од сеизмички активности беше намалена, властите предупредија дека нови ерупции се можни поради подземното акумулирање на магмата.

    Исланд има повеќе од 30 активни вулкани, кои привлекуваат илјадници туристи годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира