ВУЧИЌ ГО ОБВИНИ КОСОВО ЗА УЦЕНИ ПО ПРВАТА ДИРЕКТНА СРЕДБА ПО 20 МЕСЕЦИ ПАУЗА

    ВУЧИЌ ГО ОБВИНИ КОСОВО ЗА УЦЕНИ ПО ПРВАТА ДИРЕКТНА СРЕДБА ПО 20 МЕСЕЦИ ПАУЗАВучиќ и косовскиот премиер Хоти закажаа нова средба за почеток на септември (Фото: Инстаграм)

    Првите директни преговори помеѓу Србија и Косово по 20 месеци пауза имаа тежок старт откако Белград ја обвини Приштина дека е нереалистична во своите барања.

    По видеоконференцијата изминатиот викенд, српскиот претседател Александар Вучиќ и новиот косовски премиер Авдулах Хоти се сретнаа на иста маса во Брисел, закажувајќи нова средба за почеток на септември.

    „Хоти не дојде да преговара, туку да ја уценува Србија. Дали е пријатно да седите на маса со Хоти и да ги слушате глупостите како тие се единствените жртви, а ние сме единствените негативци? Не е“, кажа Вучиќ.

    Тој вели дека дошол на состанокот со цел да се направи чекор напред во решавањето на несогласувањата, но тоа засега не е можно.

    „Очигледно е дека разликите за сите важни и стратешки прашања се преголеми во моментов. Тие очекуваат Србија сѐ да прифати преку ноќ“, заклучи Вучиќ.

    Хоти беше пооптимистичен по состанокот, изјавувајќи дека бил постигнат напредок на економски план.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира