ВУЧИЌ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА СО 59,9 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ

    ВУЧИЌ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА СО 59,9 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕВучиќ кажа дека неговата партија СНС победила на парламентарните избори со 44 отсто од гласовите. (Фото: Фејсбук)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека победил во првиот круг од претседателските избори со 59,9 отсто од гласовите, во вечерашното обраќање по денешните тројни избори во Србија.

    „Претседателските резултати се следни: Здравко Понош доби 17,7 отсто од гласовите, Милош Јовановиќ 5,9, Милица Ѓурѓевиќ 4,5 и 4,4 Бошко Обрадовиќ. Јас добив 59,9 отсто. Успеав да направам нешто што никој во Србија не успеал. Единствен сум кој двапати победил во првиот круг“, кажа Вучиќ.

    Тој кажа дека неговата партија СНС победила на парламентарните избори со 44 отсто од гласовите, пред листата За обединета Србија со 13,6 отсто и листата на Ивица Дачиќ со 11,4 отсто.

    Опозицијата единствено се надева на победа на локалните избори во Белград.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира