ЗА БРЕГЗИТ МОРА ДА ГЛАСА ПАРЛАМЕНТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Лондон,(разниизвори)

    ЗА БРЕГЗИТ МОРА ДА ГЛАСА ПАРЛАМЕНТОТ

    Британската премиерка Тереза Меј мора да се консултира со парламентот пред ги почне официјалните преговори за напуштањето на Европската Унија, пресуди денеска Врховниот суд.

    11-те судии на Врховниот суд донесоа пресуда со која ја одбија жалбата на владата со мнозинство од осум против три, рече Дејвид Нојбергер, претседател на Врховниот суд.

    „Со пресудата, Врховниот суд се држи до ставот дека потребен е акт од собранието за  овластување на министрите за тие да почнат да дејствуваат по решението на Велика Британија за напуштање на Европската унија“, изјави Нојбергер.

    „Да се продолжи на друг начин (а не преку консултација со собранието) би било кршење на уставните принципи“, додаде тој.

    Јавниот правобвинител Џереми Рајт, највисокиот правен функционер во државата, рече дека владата е „разочарана“, но дека „ќе ја почитува пресудата на судот“.

    Меј претходно имаше кажано дека таа не очекува пресудата да го одложи планот за активирање на членот 50 на Лисабонскиот договор, кој што ги предвидува правилата на двегодишните преговори за држава што ја напушта ЕУ , кон крајот на март.

    Секретарот за Брегзит Дејвид Дејвис вети закон во собранието „за неколку дена“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари