ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ВО САД РЕГИСТРИРАНИ 45 МАСОВНИ ЗАСТРЕЛУВАЊА

    ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ВО САД РЕГИСТРИРАНИ 45 МАСОВНИ ЗАСТРЕЛУВАЊАДосега во 2021 година, во САД се случија најмалку 147 масовни застрелувања. - Од инцидентот во Оринџ Каунти (Фото: Си-Ен-Ен)

    Кога осуммина загинаа во масовното застрелување во погонот на „Федекс“ во Индијанаполис во четвртокот, веста ја надополни серијата слични инциденти кои што претходеа.

    Почнувајќи од 16 март, кога осуммина луѓе беа убиени во три бањи во Атланта, во САД се случија најмалку 45 масовни застрелувања, според истражувањето на „Си-Ен-Ен“ и анализата на податоците на Архивата за вооружено насилство (ГВА).

    Досега во 2021 година, во САД се случија најмалку 147 масовни застрелувања. За масовно застрелување се смета секој инцидент ако четири или повеќе лица се застрелани, повредени или убиени, исклучувајќи го напаѓачот.

    На 7 април во Рок Хил, поранешен НФЛ играч уби шест луѓе, вклучувајќи познат доктор, неговата сопруга и нивните две внучиња, пред да се убие себеси.

    На 3 април во Далас, двајца браќа на возраст од 21 и 19 години си ги убија родителите, сестрата и бабата, пред да се самоубијат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира